Ненси Пелоси е примена во болница во Луксембург, паднала по скали
Поранешната претседателка на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, се повредила за време на нејзината посета на Луксембург и била примена во болница таму, изјави нејзиниот портпарол Иан Кругер, според „Си-ен-ен“.
Во соопштението, Кругер рече дека 84-годишната Пелоси се здобила со повреда за време на службената должност и била примен во болница за понатамошна евалуација.
Демократката од Калифорнија, според нејзиниот портпарол, добива одлична медицинска нега од лекарите и медицинскиот персонал и продолжува да работи, жалејќи што не може да учествува во преостанатите ангажмани.
Пелоси се повлече од функцијата демократски лидер на Претставничкиот дом во 2023 година, откако републиканците ја вратија контролата врз долниот дом на Конгресот, но продолжува да има големо влијание во партијата. Таа двапати беше претседател на Претставничкиот дом и нашироко се смета за една од најефикасните функционери на таа позиција во модерната историја на Конгресот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…