Ќе се менува законот за надворешни работи

t

Значителни измени на Законот за надворешни работи, со кои ќе се зголеми процентот на амбасадори од редот на професионалните дипломати во Министерството, најави министерот за надворешни работи Муцунски.

„Предлагаме зголемување на процентот на амбасадори од редот на професионалните дипломати од една третина на најмалку една половина,“ истакна Муцунски.

Со измените, како што објасни министерот, се враќа четиригодишниот мандат на амбасадорите наместо досегашните три години. Оваа промена е поттикната од честата ротација, која предизвикувала потешкотии во адаптацијата во земјите на приемот и дополнителни трошоци за Министерството и државниот буџет.

„Четиригодишниот мандат овозможува поголема стабилност и ефикасност, додаде тој.

Одредбата за именување амбасадори надвор од Министерството, кои со своето општествено и културно делување оставиле трага, исто така, претрпува измени.

„Се предвидува од оваа група да доаѓаат најмногу половина од амбасадорите,“ објасни Муцунски.

Законот исто така го допрецизира учеството на Собранието во процесот на именување амбасадори.

„Со оваа измена, ќе се спречи можноста претседателот на државата да потпише указ без соодветна процедура во Собранието,“ изјави министерот, посочувајќи на претходните примери на непочитување на законските процедури.

Предложените измени предвидуваат корекција на коефициентите за плати и животни трошоци на дипломатите во странство.

„Со години платите и предвидените кирии за дипломатите стагнираат, што предизвикува потешкотии,“ нагласи Муцунски.

Муцунски истакна дека измените вклучуваат и усогласување на Законот со новите надлежности на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во делот на трговијата и инвестициите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рускиот амбасадор Баздникин повикан во МНР: Врачена…

Попладнево, во Министерството за надворешни работи и…

МНР демантира дека Живковска му вршела ревизија…

МНР демантира дека Живковска му вршела ревизија…

Ќе се менува законот за надворешни работи

Значителни измени на Законот за надворешни работи,…

Ревизија на Фрчкоски му прави, или на…

Колку чини ревизијата на работата на поранешниот…

Владата и МНР без реакција на грчкиот…

Молк од Владата и Министерството за надворешни…