Зеленски: Русија распореди уште севернокорејски војници за одбрана на Курск
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Москва почнала да вклучува „значителен број“ севернокорејски војници во напорите да ја истисне украинската армија од регионот Курск.
Украинската армија започна упад во областа Курск во август и продолжува да контролира некои тамошни населби, како дел од напорите на Киев да го намали притисокот врз својата војска во источна Украина, каде што Русија напредува.
„Денес веќе има прелиминарни податоци дека Русите почнале да користат војници од Северна Кореја во нивните напади – значителен број“, рече Зеленски во своето редовно обраќање. Русите „ги користат во операциите во регионот Курск. Засега само тaму“, додаде тој.
Зеленски нагласи дека учеството на севернокорејската армија во операциите во областа Курск, кој граничи со Украина, е знак за нова ескалација на војната која трае речиси 34 месеци.
Украина ќе продолжи да се брани, вклучително и од севернокорејските трупи, додаде тој.
Украинските и јужнокорејските власти претходно соопштија дека 10.000 Севернокорејци се во Русија.
Зеленски посочи дека рускиот претседател Владимир Путин презема чекори кон проширување и продолжување на војната.
Тој повторно побара од неговите западни партнери да ја засилат поддршката за Киев, велејќи дека за тоа ќе разговара со нив на состанок следната недела.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Русија распореди уште севернокорејски војници за…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Москва…
Русија е подготвена да ги разгледа идеите…
Русија ќе биде подготвена да ги разгледа…
Рјабков: Постои реална опасност Исламска држава да…
Денеска постои реална опасност групата Исламска држава…
Русија: „Орешник“ е наше предупредување за Западот
Гаѓањето на Украина од страна на рускиот…
Русија: Го транспортиравме Асад на најбезбеден начин
Русија на најбезбеден начин го транспортираше Башар…