Ѓуретановиќ урна уште еден апсолутен и младински рекорд во македонското пливање
Големиот македонски пливачки талент Никола Ѓуретановиќ сруши уште еден апсолутен и младински рекорд на Македонија.
Како што објави пливачкиот клуб Вардар 2018, на Светското првенство во Будимпешта, Унгарија, во дисциплината 800 метри слободно, Ѓуретановиќ постави ново време од 08:06.79 минути, подобрувајќи го стариот рекорд за цели три секунди.
Како дел од клубот Вардар 2018, Ѓуретановиќ докажа дека македонското пливање е подготвено за најголемите сцени.
– Ова е само почеток на една нова ера! Време е институциите, како што се Министерството за спорт, Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) и Сојузот на спортови на Скопје, будно да го следат успехот на нашиот клуб и спортисти како Никола. Само со заедничка поддршка, Македонија ќе го достигне врвот на светскиот спорт. Горди сме на нашата иднина – Вардар 2018 е тука да ги води најдобрите до врвот! – стои во објавата на ПК Вардар 2018.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓуретановиќ урна уште еден апсолутен и младински…
Големиот македонски пливачки талент Никола Ѓуретановиќ сруши уште…
ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!
Во објава на својата официјална страна на…
Би-Би-Си: Некои регрутирани украински „маринци“ не знаат…
Неискусни мажи се фрлаат во вртлог од…
Неправда за жените или правда за трансродовите…
Управното тело на американското натпреварувачко пливање ја…