Надлежните служби се огласија во врска со мистериозните дронови во Америка
Официјални лица од Белата куќа, Федералното биро за истраги и американското Министерство за домашна безбедност изјавија дека најновите забележани дронови во Њу Џерси и околните држави се идентификувани како пилотирани авиони и дека нема докази за закана за националната безбедност.
Претставник на ФБИ рече дека неговата агенција работи со 50 локални, државни и федерални партнери за да истражат бројни извештаи за беспилотни летала, јавува денеска Ројтерс.
Официјалниот претставник рече дека за помалку од 100 од 5.000 пријавени дронови е потребна истрага и дека сите пријавени беспилотни летала имаат големи фиксирани крила.
„Ние правиме се од себе за да го утврдиме потеклото на овие активности со беспилотни летала, но мислам дека јавноста претера“, рече неименуваниот американски функционер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американците објавија видео од Б-2А бомбардерите пред…
Министерството за одбрана на САД објави инсерти…
Се огласи Хамнеи и објави заканувачка фотографија!
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се…
Цените на нафтата паднаа за 5 отсто…
Цените на нафтата паднаа за повеќе од…
САД: Не се регистрирани напади на други…
Не е регистриран ирански напад во ниту…
Мерц: Нема причинa да ги критикуваме Израел…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека нема…