Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина
Грчката полиција соопшти дека го забранува собирот на Албанците во Атина што беше најавен за вечерва.
Како што јави грчкиот медиум Прототема, властите соопштија дека со одлуката на директорот на полицијата на Југоисточна Атика е забрането одржување на собир на Албанците.
На социјалните мрежи за 19 часот е најавена средба на Албанците во улицата „Корис“, во населбата Алимос.
Грчката полиција соопшти дека е одлучено да се забрани овој собир со образложение дека „постои сериозна опасност од нарушување на општествено-економскиот живот на одредена област и неговото одржување ќе предизвика пречки во сообраќајот и пристапот до јавните служби, организациите за социјална заштита и институции кои обезбедуваат медицински услуги, односно функционирање на јавните инфраструктури и објекти и снабдување на пазарот со витални добра“.
Грчките медиуми реагираа на неодамнешната прослава на Денот на независноста на Албанија на главниот плоштад Синтагма во Атина, кога Албанците славеа со албански знамиња, обвинувајќи го премиерот Киријакос Мицотакис за мек пристап кон албанските имигранти, потсетува телевизијата А2.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…