Полициски претреси во домовите на Артан Груби и Прпарим Бајрами – не се најдени дома
Медиуми блиски до властите од утрово јавуваат дека полицијата направила претрес во повеќе домови поради сомнежи за организиран криминал во Државна лотарија. Според нивните информации, претрес бил извршен и во домот на поранешниот вицепремиер Артан Грби, но Откако вчера проструија информации дека ја напуштил Македонија тој не би пронајден таму. Груби на Фејсбук објави дека заминал во Косово по приватни обврски и дека наскоро ќе се врати.
„Денеска патував за приватна посета. Ве молам, немојте да измислувате и шпекулирате. Редовно патував со моите патни исправи и за ова е известено и моето лично полициско обезбедување“, пишува Груби во објавата. Тој додава и дека веднаш штом ќе ги заврши обврските за кои отпатувал ќе се врати дома.
Полицијата трага по Прпарим Бајрами, поранешниот директор на Државна лотарија. Но, ни тој не бил најден во неговиот дом, а полицијата се сомнева дека бил пребеган во Косово уште пред неколку месеци. Неговите роднини дале ветување дека ќе се врати.
Артан Груби минатиот понеделник беше ставен на црната листа на САД заедно со апелацискиот судија Енвер Беџети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Koчоска: Цените не се многу високи, горивата…
Горивата се берзански производ на кој не…
Руски генерал: Третата светска војна веќе започна,…
Откако израелската армија нападна ирански цели во…
Toшковски го пофали обвинителството: Обвинението пристигнало во…
Претседателот на кочанскиот суд, Спиро Борисов, во…
(Видео) Пеката од ВМРО-ДПМНЕ како студент имал…
Во најавената епизода на „На кавга со…
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…