ЕУ уште еднаш ќе се обиде да ги убеди Бугарија и Хрватска да не ја блокираат Србија

t

Амбасадорите на Европската унија повторно ќе се сретнат денеска во Брисел по четири средби без постигнат договор за отворање нов кластер за Србија. Уште една шанса амбасадорите во Брисел да зборуваат за отворање на Кластерот 3 добија на инсистирање на Унгарија, која претседава со ЕУ до крајот на годинава, пренесе Бета.

Во очекување на одлуката за отворање на Кластерот 3 во преговорите со Србија, министрите одговорни за надворешни и европски прашања на Австрија, Хрватска, Чешка, Грција, Италија, Словачка и Словенија – во групата Пријатели на Западен Балкан, испратија писмо до претставниците на ЕУ во кое се наведува дека е време за одлучувачки напредок во интеграцијата на Западен Балкан.

Во писмото се наведува дека Западен Балкан ќе биде „геостратешки лакмус тест за Европската унија“, и дека само со интегрирање на овој регион во семејството на ЕУ може да се обезбеди стабилност и просперитет на целиот континент.

Земјите-членки на ЕУ во петокот не постигнаа договор за отворање на Кластерот 3 во преговорите со Србија.

Како што информираа тогаш дипломатски извори, на состанокот на амбасадорите на земјите-членки немало разговори за Србија бидејќи неколку земји-членки не се согласиле со предлогот на унгарското претседателство да се покрене процедура за отворање на Кластерот 3.

Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ во три наврати во изминатите недели не успеаја да постигнат договор за отворање на Кластерот 3 во пристапните преговори со Србија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полска со алармантно предупредување до НАТО: Русија…

Полска упати сериозно предупредување до сојузниците во…

Американската армија подготвува војници за препознавање на…

Американската армија издаде нов теренски прирачник наменет…

Шокантни детали од „енергетското примирје“ на Трамп:…

Таканареченото „енергетско примирје“ што американскиот претседател Доналд…

Русија не прифаќа примирје со Украина: Пропаѓа…

Русија засега не потврдува дека прифатила какво…

Иран го оцени американскиот одговор за Ормускиот…

Иран го оцени како недоволен американскиот одговор…