Турска компанија ќе гради фабрика за дронови и муниција во Косово!

t

Властите во Приштина веќе избрале кој ќе ја гради фабриката за муниција на Косово, а се работи за турска компанија, објави „Коха“ повикувајќи се на извори во Министерството за одбрана.
Според извори, на почетокот на неделата ќе биде потпишан договор со турската компанија „Макине ве Кимија Ендустриси“ (МКЕ).


„Првата фаза, која мора да биде завршена во рок од две години, предвидува почеток на производство на два вида муниција. Едниот ќе биде со калибар 5,56 mm, а другиот 7,62 mm. Договорот ќе го опфати и дизајнот на дронови“, наведуваат изворите.
Договорот со турската компанија ќе го потпише премиерот на Косово, Албин Курти, пишува порталот „Косово онлајн“.
Да потсетиме, Курти на крајот на ноември објави дека ја потпишал одлуката за формирање на Меѓуресорска комисија со цел да се покренат процедури и преговори за отворање фабрика за производство на муниција и лабораторија за дизајн на беспилотни летала

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Србија е загрижена поради поддршката на Црна…

Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…

Косово ќе прифати до 50 мигранти од…

Косовската влада денес одлучи да прифати до…

КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција ја спроведуваат…

Припадници на КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција…

Германија бара од Србија да соработува со…

Германската амбасада во Приштина објави дека српските…