„Лидл“ ќе ги прославува празниците без пиротехника

t

„Лидл“ – Словенија шести пат ќе ги прославува празнциите без галама, што значи дека и годинава во нивната понуда нема да има пиротехнички средства.

Во 2019 година, како дел од одржливата иницијатива „Создаваме подобар свет“, „Лидл“ – Словенија беше првиот трговец на мало во Словенија што ги отстрани од своите полици петардите, ракетите и други пиротехнички производи, поради кои секоја година страадат многу животни, а многу млади луѓето остануваат со трајни лузни од несреќи предизвикани од петарди.

Како дел од подигањето на свеста за прослава без пиротехника, трговецот на мало го поддржува општествено одговорниот проект на компанијата TAM-TAM, „Петарди? Не, благодарам!”. Пораката на овогодинешната кампања, која се обраќа до јавноста, а особено до тинејџерите заинтересирани за употреба на пиротехнички средства, гласи: „Тие ги слушаат вашите петарди. Го слушате ли нивниот страв?“

Позитивните реакции во јавноста за откажувањето на продажбата на пиротехнички средства потврдуваат дека одлуката донесена пред шест години е исправна, велат од „Лидл“ и додаваат: Да создадеме подобар свет – да славиме без галама!

На ваквите иницијативи се приклучија и други трговци, како хрватскиот „Томи“. Имено, како и во претходните две години, односно од 2022 година, компанијата одлучи да не ја користи оваа можност, па потрошувачите и оваа година нема да можат да најдат вакви производи во продавниците на „Томи.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полска со алармантно предупредување до НАТО: Русија…

Полска упати сериозно предупредување до сојузниците во…

Американската армија подготвува војници за препознавање на…

Американската армија издаде нов теренски прирачник наменет…

Шокантни детали од „енергетското примирје“ на Трамп:…

Таканареченото „енергетско примирје“ што американскиот претседател Доналд…

Русија не прифаќа примирје со Украина: Пропаѓа…

Русија засега не потврдува дека прифатила какво…

Иран го оцени американскиот одговор за Ормускиот…

Иран го оцени како недоволен американскиот одговор…