Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 20 декември
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски со сведочење на вишиот инспектор Елвис Ибрахими и сведокот Тодорче Ѓорѓиевски од Единицата за економски и компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, кои биле присутни при претресот на домот на обвинетиот Љупчо Палевски.
Ибрахими, кој присуствувал на претресот на домот на обвинетиот Љупчо Палевски Палчо на 3 декември, изјави дека при претресот биле одземени лаптоп, таблет Самсунг и телефон Ајфон 6S+, но, како што посочи, не биле евидентирани повици кон Вања.
– Не е забележано дека некој друг од семејството вртел телефони, изјави Ибрахими, одговарајќи на прашањата на обвинетиот Палчо.
Тој додаде дека при претресот, телефоните на сопственикот на куќата, братот на Палчо, биле пред нив на увид и не забележале дека некој член од семејството врти телефон.
Сведокот Тодорче Ѓорѓиевски од Единицата за економски и компјутерски криминал, кој исто така присуствувал на претресот, изјави дека не забележал бирање на бројот на оштетената Вања.
-Од моја страна не беше забележано, рече Ѓорѓиевски, додавајќи дека од братот на Палчо, Баже, бил направен повик кон неговиот адвокат.
Одбраната на Палчо приговараше на исказите на сведоците, тврдејќи дека се во спротивност со прибавената писмена документација и дека се невистинити.
Обвинетиот Палчо истакна дека ниту неговиот брат, ниту неговата мајка знаеле телефонски број од оштетеното дете.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Севернизација“ во Собранието: Од 41 закон се…
Владата и министерствата ја бетонираат „северна“. До…
Пожар изби во Ајфеловата кула во Париз,…
Во тек е евакуација на Ајфеловата кула…
Кривична пријава за даночно затајување за сопственик…
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава…
Кривичен ја одби жалбата за притвор на…
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје…
Владата со препорака Службен весник да ја…
Транспарентна влада е силна влада! Еден значаен…