Нова средба на главните преговарачи на Србија и Косово на 17 декември
Следниот состанок на главните преговарачи за нормализација на односите меѓу Србија и Косово ќе се одржи на 17 декември, потврди портпаролката на Европската унија, Анита Хипер.
-Страните го потврдија присуството и ќе разговараат за повеќе прашања, вклучително и за спроведувањето на Договорот за патот кон нормализацијата, рече портпаролката.
Преговарачите од Белград и Приштина, Петар Петковиќ и Бесник Бислими, последен пат се сретнаа во рамките на дијалогот на крајот на октомври годинава без конкретни договори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ужас: Најмалку 30 мртви во армиски напад…
Најмалку 30 лица беа убиени во напад…
Нетанјаху е спремен да му ја предаде…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека е…
Од 10 до 15 декември Скопје ќе…
Скопје ќе биде новогодишно украсено во периодот…
Забрана за тешки товарни возила на Стража…
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила…
Јане Ченто: Не бараме милост, не бараме…
Девет години по апсењата поврзани со настаните…