Родители од „Љубен Лапе“ на протест – бараат итно решение за небезбедната крстосница во Аеродром

t

Родители на ученици од Основното училиште „Љубен Лапе“ и жители на скопската населба Аеродром утрово излегоа на мирен протест пред училиштето, барајќи итно решавање на проблемот со небезбедната крстосница на улиците „Васко Каранѓелески“ и „Коста Новаковиќ“. Протестот беше организиран поради зголемениот број сообраќајни незгоди на оваа локација, кои, според родителите, сериозно ја загрозуваат безбедноста на децата и останатите учесници во сообраќајот.

Советот на родители, кој веќе неколку години испраќа апели до надлежните институции, истакна дека проблемот е долго нерешен и бара одржливо решение.

„Проблемот перзистира со години. Очекувавме решение, но реакција нема. Денеска сме овде за да испратиме јасна порака дека безбедноста на нашите деца е приоритет“, изјави Ана Филипчева, претседателка на Советот на родители. Таа додаде дека крстосницата е крајно небезбедна во утринските часови, кога учениците се упатуваат кон училиштето, а недостатокот на сообраќајна сигнализација ја влошува ситуацијата.

Директорката на училиштето, Фоника Станоева, ја поддржа иницијативата на родителите, нагласувајќи дека безбедноста на учениците е на прво место. „Не смееме да чекаме да се случи трагедија за да реагираме. Се обративме неколку пати до Град Скопје, но досега нема конкретно решение. Поставување на семафори и обележување на улицата се најосновни чекори кои можат да се преземат“, изјави Станоева.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, информира дека општината реагирала до Град Скопје со барање за решавање на проблемот. Сепак, досега нема најава кога и како ќе се преземат мерки за подобрување на безбедноста на оваа фреквентна крстосница.

Родителите најавија дека ќе продолжат со протестите доколку надлежните институции не излезат со конкретен план и рокови за решавање на овој проблем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од благослов на куќи хрватска црква годинава…

Во четвртокот, на Св. Стефан, во повеќето…

БИА повикува на разговор, професорите притискаат, студентите…

Студентите не се откажуваат од блокадите, најавуваат…

Цената на лебот може да се зголеми…

Русија, најголемиот светски извозник на пченица, значително…

Сиљановска и Филков разговарале за нов Закон…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска остварила работна средба…

„Фајненшл тајмс“: Трамп ќе ја принуди Украина…

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп наметнува мировен…