Меџити: ДУИ е во процес на уништување

t

Изет Меџити, кој ја напушти Демократската унија за интеграција и подоцна ја создаде партијата Демократско движење, а сега е нејзин лидер, изјави дека не чувствува задоволство кога го гледа уништувањето на ДУИ. „Никогаш не сум почувствувал. задоволство, поради отуѓеноста, што ѝ се случи на таа партија. Во емисијата „Дневен клик“ на ТВ21, што ќе се емитува во вторник, Меџити нагласува дека сите кои придонеле и инвестирале во ДУИ не се задоволни од тоа што се случува, но вели дека тоа е реалност. Ова го објави агенцијата на албански јазик Илирија-ИНА.

Агенцијата ја цитира изјавата на Меџити, дадена во овој контекст: „ДУИ е во процес на уништување, како партија е во слободен пад. Не чувствувам задоволство поради тоа, бидејќи таму го вложив најдобриот дел од младоста, но и не само јас. Ги вложија и други своите животи, се изложија на опасности, придонесуваа. Верувам дека никој не е среќен, поради ова. Но тоа е реалноста.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија ја подготвува целата држава за можен…

Германија мора да биде подготвена за сценарио…

Патник приведен пред лет од Скопје –…

Седум парчиња муниција биле пронајдени во рачниот…

Пругата Бељаковце-Крива Паланка е со реализација од…

Бележиме засилени градежни активности на изградбата на…

Саудиска Арабија доби воена помош од Пакистан

По ескалацијата на конфликтот во Јемен, Пакистан…

Би-Би-Си: Можеби доаѓа војна, дали сме психолошки…

Британската влада сака граѓаните да почнат да…