Швајцарија ја забрани „Хезболах“

t

Швајцарскиот парламент гласаше за забрана на либанската група „Хезболах“, нарекувајќи ја закана за меѓународната безбедност. Аналитичарите посочуваат дека ова е невообичаен чекор за оваа неутрална земја, која традиционално ја следи политиката на промовирање меѓународен дијалог и посредување, објавија светските медиуми.

Забраната беше усвоена со 126 гласа „за“, 20 „против“ и 41 воздржан во Долниот дом на парламентот, откако минатата година доби одобрение од Горниот дом.

Швајцарската Влада се спротивстави на оваа мерка, со образложение дека може да влијае врз нејзината улога како неутрален посредник.

– Ако Швајцарија сега продолжи да ги забранува таквите организации со посебни закони, треба да се запрашаме каде и како се повлекуваат границите, рече министерката за правда Беате Јанс за време на парламентарната дебата.

Комитетот за безбедносна политика, кој ја предложи забраната, истакна дека посредничката улога на Швајцарија ќе остане недопрена благодарение на посебната одредба за мировни разговори и хуманитарна помош.

Минатата недела, швајцарскиот парламент ја прогласи за незаконска палестинската група Хамас поради нејзините напади во Израел на 7 октомври 2023 година.

Швајцарија претходно имаше забрани само за Ал Каеда и Исламската држава, кои се на листата на ОН на терористички организации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Швајцарија ја забрани „Хезболах“

Швајцарскиот парламент гласаше за забрана на либанската…

Швајцарија инвестира 250 милиони долари во реконструкција…

Швајцарија планира да инвестира 250 милиони долари…

Швајцарија е подготвена да посредува меѓу страните…

Швајцарија е подготвена да ги понуди своите…

Стапи на сила примирјето меѓу Израел и…

Примирјето меѓу Израел и Хезболах стапи на…

Швајцарија дава 20.000 евра за да се…

Преселувањето во странство изгледа примамливо, но самата…