Наредба за распишување меѓународна потерница по Груби и Бајрами
По донесените решенија на Основниот кривичен суд Скопје со кое е определен притвор за двајца осомничени во истрагата за проневера во Државна лотарија, кои се недостапни на органите на прогонот, Основното јавно обвинителство Скопје вечерва до Министерството за внатрешни работи ќе издаде наредба за објава на национална потерница и изјава за распишување меѓународна потерница, соопшти ЈОРМ.
Кривичниот суд претходно вечерва им одреди триесетдневен притвор на поранешниот прв вицепемиер Артан Груби и на поранешниот директор на Државна лотарија Прпетим Бајрами, кои се недостапни за органите на прогон поврзани со истрагата за Државна лотарија.
По добиено известие од надлежното МВР, дека двете лица за кои јавното обвинителство предложи мерка притвор од нивно пронаоѓање односно лишување од слобода, а поврзани со истрагата за Државна лотарија, се недостапни за органите на прогон, донесе решенија да го прифати предлогот на јавното обвинителство и им определи мерка притвор од траење од 30 дена, заради постоење на основите од чл.165 ст1. Т.1 и 2, посочуваат од Кривичниот суд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од утре задолжителна зимска опрема за сите…
Од утре, 15 ноември, стапува во сила…
ПИШТОЛ ПРОНАЈДЕН КАЈ УЧЕНИК ВО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ…
На 13.11.2026 во 14:40 часот во средно…
Мајкрософт ги отстрани проблемите по глобалниот прекин…
Компанијата „Мајкрософт“ соопшти дека нејзините сервиси повторно…
ВМРО-ДПМНЕ: „Алта банка“ немала забрана за работа…
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека „Алта банка“ немала забрана…
САД ја укинаа забраната за летови, се…
Федералната управа за воздухопловство на САД (ФАА)…