Објавено на:

Можен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас – Нетанјаху отпатува во Каиро на преговори

t

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска отпатува во Каиро на разговори за прекин на огнот во Газа, а според неименувани извори на агенцијата Ројтерс, се очекува во наредните денови да биде потпишан договор за прекин на огнот.

Во Каиро, се наведува, ќе разговараат и за постигнување договор во врска со заложниците, кои беа заробени од Хамас на 7 октомври 2023 година.

Либанскиот канал Ал-Мајадин објави дека официјален Египет го поканил и палестинскиот претседател Махмуд Абас „на итна посета“, додавајќи дека Абас во Каиро пристигнува од Ватикан и дека договорот со Хамас за заложниците изгледа се поизвесен.

Во меѓувреме, агенцијата Ројтерс објави и дека Хамас објавил дека е можен договор за прекин на огнот и заложници доколку Израел престане да поставува нови услови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел го уби шефот за финансии на…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет…

Кац: Израелската армија е подготвена да ја…

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…

40.000 БОМБИ ОД ЕДЕН ТОН: Трамп одобри…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…

Израел уби висок командант на Хамас во…

Израелската армија во петокот соопшти дека убила…

Израел да се повлече од Либан, а…

Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека војната…