ПАДНА И ШЕНКИ ВЕРСАЧЕ: Еве кој се заврши во затвор од Беланоца во полициската акција на МВР

t

Шенаси Мислани познат како Шенки Версаче, брат му Мирвет Мислани, како и Абдула Садики и Акиф Мемиши се во Шутка како дел од групата Беланоца/Барон, објави „Алфа“. Со разбивањето на криминалниот клан од Арачиново, се откри кој го нарачал филмското убиство во „Шиша бар“ и под чија наредба биле убиени уште шестмина во изминативе четири години.

Сите ликвидации ги извршувал кланот на Фатљум Ајети – Тоте, кој од зад решетки го водел нарко-кателот и ги нарачувал убиствата на противниците. Тој се смета за лидер на криминалната Беланоца, а се собрале докази и дека тие стојат зад повеќе обиди за убиства, за кои МВР, додека го раководеше Спасовски со години бараше осомничени.

Во завчерашната акција за еден ден беа расветлени дури 8 убиства, 3 обиди за ликвидација и безброј случаи на изнуди, закани и рекет, повеќе случаи отколку што реши предходното раководство во текот на последните години од владењето.

Во групата од 18 криминалци, освен Тоте се бројат и Гани Туша и Зулќуфли Нуредини- Мали Репки, кои од Идризово останале водачи на криминалните активности на Беланоца/Барон.

Крајот на ноември, за Гани Туша се отвори истрага во обвинителството како главен осомничен за ликвидацијата на Орхан Бајрами Оки на лани во јули на Ханиоти.

Огромни пари се кеширале за крвавите пресметки, од 10 илјади до 250 илјади евра за да се ликвидираат „непосакуваните“ во криминалното подземје. Само во оваа акција им биле пронајдени околу половина милион евра, а од бункерите во Чаир и Арачиново кои ги копала македонската армија освен пари нашле злато и оружје.

Ова нема да е последна акција на МВР за развибавање на скопското криминално подземје, најави Тошковски, а на удар се сите, па дури и најголемите кланови чии членови за прв пат се најдоа зад решетки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Паѓа случајот „Организатори 27 април“? Направени битни…

Утврдени битни пропусти и свесно манипулирање во…

ДПМНЕ веднаш да ги повлече предложение измени…

ДПМНЕ веднаш да ги повлече предложение измени…

ДКСК свитка опашката: Нема основа за постапување…

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК)…

Две лица планирале бомбашки напад во Сараево!

Полицијата во Сараево вчера уапсила две лица…

Царинската управа спречи шверц на злато, лекови,…

Во текот на минатата недела, царинските службеници…