Струјата ќе поскапи 0,92 отсто – Еве колку е тоа на една сметка за струја

t

Од први јануари струјата за домаќинствата и за малите потрошувачи ќе поскапи за 0,92 отсто, соопшти денес Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Претседателот на РКЕ, Марко Бисломоски вели дека регулаторите првпат го искористиле контролниот механизам во определување на цената на електричната енергија со цел да не се предизвика голем ценовен шок оти ЕВН побара зголемување на цената за 4,4 проценти. Марко Бисломоски.

Како што ветивме, просечната цена на електричната енергија за домаќинствата се зголемува за 0,92 %. Првиот блок за 0,68 %, вториот блок за 0,9 %, третиот блок 1,93 % , четвртиот блок 2,24 % и евтината тарифа за 0,9 %. Тоа значи дека едно просечно домаќинство во државата кое што има сметка од, да речеме, 2300 денари, со зголемувањето на цената на електричната енергија трошокот за електрична енергија ќе му се зголеми за 21 денар – рече претседателот на РКЕ, Бислимоски.

За првиот блок цената на енергијата е 4,44 денари, мрежарината за сите е 2,14, односно вкупната цена на струјата во првиот блок е 6,5865 денари за киловат час. Претходно изнесувала 6,53 денари.

Цената на струјата во вториот блок, збирно енергија и мрежарина, е 7,71 денар, а претходно изнесувала 7, 64 денари.

Цената на електричната енергија во третиот блок е 9, 57 денари, а претходно изнесувала 9,39 денари.

Цената на електричната енергија во четвртиот блок е 20,4 денари, а претходно изнесувала 20 денари.

Цената на струјата во евтината тарифа изнесува 4,12 денари. Претходно изнесувала 4,08 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Да му помогнеме на Марко: 15.000 евра…

Почитувани читатели на Инфомакс, ве замолуваме доколку…

Кина му помага на партнерот од БРИКС…

Јужна Африка ја доби првата серија кинески…

Левица: Државната ЕСМ Продажба да ја преземе…

Денови повторно е актуелна темата за законската…

Британците предупредија на уште една тешка зима

Сметките за енергија се очекува нагло да…

ГИ УДРИЛО СТРУЈА ДОДЕКА ГАСНЕЛЕ ПОЖАР Повредени…

СВР Охрид соопшти дека синоќа околу 23…