Зеленски го отфрли брзото решение на Трамп за конфликтот во Украина

t

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја отфрла можноста за “замрзнување” на конфликтот со Русија. Тој изјавил дека таквото сценарио не е можно, дури и откако Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата.

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, сака брзо да стави крај на војната во Украина. Сепак, Киев нема намера да се предаде или да ги замрзне воените акции, изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски, објавија западните медиуми.

Трамп знае за мојата желба да не брзам на сметка на Украина. Државата долго време се борела за својот суверенитет. Без оглед на тоа колку претседатели или премиери би сакале да го објават крајот на војната, ние немаме намера едноставно да се предадеме и да се откажеме од нашата независност”, изјави Зеленски за време на разговор со “Le Parisien”. Според претседателот на Украина, “замрзнувањето” на војната и брзото постигнување на договор со Русија носат ризик.

За време на кампањата, Трамп често изразуваше скептицизам за понатамошната поддршка за Украина и повикуваше на брз крај на војната, нагласувајќи ја важноста за намалување на трошоците за САД. Неговиот пристап предизвика загриженост кај украинските власти, кои стравуваат дека новата администрација би можела да ја намали поддршката, која е од клучно значење за одбраната на Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанија ќе обучува украински војници

Албанската влада донесе одлуката за учество на…

Трамп номинираше противник на воената помош за…

Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше Мајкл…

Орбан: Мирот во Украина е „на дофат“,…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…

Рускиот амбасадор Баздникин повикан во МНР: Врачена…

Попладнево, во Министерството за надворешни работи и…

Зеленски: Европа не може да ја спаси…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика Европејците…