Груби границата ја поминал со македонски пасош

t

Поранешниот вицепремиер Артан Груби, утрот на 15 декември, границата ја поминал со македонски пасош, иако за него имало активна мерка на стоп листа „задржи и веднаш извести“, утврди внатрешната контола на МВР.

Изминатите денови дел од медиумите шпекулираа дека Груби во Косово заминал со албански, па дури и со косовски пасош, но сепак се докажа дека тој во рака имал македонска патна исправа.

“Одделот утврди дека полицискиот службеник Б.Ј. со своето несовесно работење не извршил адекватни проверки за патничко моторно возило „мерцедес“ при премин на државната граница на излез од РСМ, не го евидентирал за остварување на излез од РСМ и патниците од предметното возило А.П. со дипломатска патна исправа како возач и А.Г. со македонска патна исправа како совозач во возилото ги завел дека пешки ја поминале границата, односно со пропуштање на должниот надзор извршил гранична проверка во системот СКПВ за лицето А.Г. и при тоа не почекал системот да утврди дали предметното лице има активна мерка „задржи и веднаш извести“ туку веднаш на лицата им ги дал патните исправи, по што тие го напуштиле граничниот премин” велат од МВР.

Притоа полицаецот на граничниот премин Долно Блаце кој го прекршил законот е суспендиран од работа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…