Љутков најави филм и серија посветени на животот и делото на легендарниот Тоше Проески!
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков денеска најави нов проект кој ќе биде посветен на животот и делото на нашата најголема ѕвезда – Тоше Проески.
Како што вели, во следните две години ќе се снима игран филм, документарец и ТВ-серија во неколку продолженија, кои ќе ги прослават неговите живот, дело и мисија.
„Тоше не беше само музичка икона за Македонија, туку и за целиот Балкан, и овој проект ќе има големо регионално значење.
Носител на проектот е Македонската радио-телевизија, копродукциски ќе бидат вклучени неколку национални телевизии од Балканот а финансиските средства ќе бидат обезбедени од буџетот на Македонија преку Министерството за дигитализација. Согласноста од семејството на Тоше е потврдена, и ние сме подготвени да ја разоткриеме неговата приказна!“, вели Љутков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Лагите на Љутков се параван на…
Лагите на актерот Љутков и ДПМНЕ се…