Чупеска: Голема е веројатноста дека бегството на Груби е помогнато од ДПМНЕ
Во случајов се чини дека власта не се бори против криминалот имајќи предвид дека Груби е избеган од една страна, од друга страна тоа е доволно добар сомнеж дека можеби ДПМНЕ работи за Груби, односно му направило некаква услуга тој да избега надвор од границите, рече потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска во Дневникот на Сител телевизија.
Од таа работа произлегува идниција, прво дека ДПМНЕ не е способно и не е кадарно да спроведе акции од ваков тип како што помпезно ги најавува. Второ дека постои голема веројатност дека ова бегство на Груби, е впрочем помогнато од ДПМНЕ. Како трето тоа укажува дека станува збор за елементарна неспособност за водење на држава особено, во она што нарекуваме тврд суверенитет, а тоа е се поврзано со безбедноста, порача потпретседателката Чупеска.
Нека биде целосно јасно за сите дека СДСМ е апсолутно против секаков вид на криминал, без разлика дали тој криминал е од бивши, сегашни или идни функционери или од граѓани, групации, бизниси, што прават криминал. Тука немаме никаква отстапка, во врска со било какви докажани активности низ институциите, истакна потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска во вестите на Сител телевизија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чупеска: Голема е веројатноста дека бегството на…
Во случајов се чини дека власта не…
Обвинение за актуелниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Пеце…
Основното јавно обвинителство Битола до надлежниот суд…
Костова: Повеќе од кога било е потребно…
Не смееме да дозволиме работниците да бидат…
СДСМ: Новогодишната кошничка е манипулација, трговците веќе…
Новогодишната кошничка е класична манипулација на власта…
Талески: Од 600 до 400 денари историски…
„Ако имаа барем малку образ и чест,…