МНР на Украина бара Орбан да престане да шпекулира за „божиќно примирје“

t

Украинското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека наводите за „божиќното примирје“ во Украина, кои ги изнесе унгарскиот премиер Виктор Орбан, претставуваат маркетиншки потег и дека во моментов нема конкретни преговори на таа тема.

Портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Георгиј Тихи, нагласи дека „во моментов нема вистинско „божиќно примирје“ на маса“, нарекувајќи ги наводните предлози маркетиншки потег на унгарската страна, што за Украинците е „мирен ПР потег“, објави Eurointegration.com.ua.

„Зошто го прават ова? Очигледно од некои внатрешно-политички причини. Нема реални предлози на преговарачка маса“, нагласи портпаролот.

Тој додаде дека Украина постојано бара од Унгарија, и јавно и приватно, „да не се впушта во манипулации на тема војна, смрт и божиќни празници“.

„Според нас, тоа е само цинична манипулација“, заклучи портпаролот.

Тензиите меѓу Киев и Будимпешта ескалираа откако унгарскиот премиер минатата недела телефонски му се јави на рускиот претседател Владимир Путин.

Потоа, Орбан рече дека предложил Божиќен прекин на огнот и голема размена на воени заробеници меѓу Киев и Москва, но тврдеше дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ја отфрлил идејата.

Киев истакна дека за предлогот „прекин на огнот“ дознал од медиумските извештаи, бидејќи унгарската страна директно не го објавила, а претходно Зеленски ги критикуваше обидите на Орбан да се претстави како „посредник“ во „решавањето“ на конфликтот во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Наместо економски бум, Македонија тресна на…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва укажа…

Украина дозволи двојно државјанство за справување со…

Парламентот на Украина денес усвои нов закон…

Евакуирани дел од американските дипломати во Израел

Двајца американски претставници велат дека владин авион…

Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати…

Утре ќе има боево гаѓање кај делчевското…

Поради боево гаѓање со огнено оружје, утре…