Албанија – прва земја на Балканот која го забрани Тикток
Албанската влада одлучи да ја блокира платформата Тикток во Албанија. Оваа вест ја потврди министерката за образование Огерта Манастирлиу при презентацијата на Новиот акциски план, иницијатива на Министерството за образование за зголемување на безбедноста во училиштата.
Министерот Манастирлиу истакна дека овој чекор е дел од пакетот мерки што го развиваат Националната управа за сајбер безбедност и Националната агенција за информатичко општество. Таа подвлече дека забраната за Тикток е мерка поврзана со напорите да се зголеми физичката и дигиталната безбедност во училиштата и да се заштитат децата од негативните ефекти на социјалните мрежи, објавија албанските медиуми.
-Со цел да ја зголемиме физичката и дигиталната безбедност во училиштата и влијанието што го носат социјалните мрежи, како и ангажманот на децата, решивме да ја блокираме платформата Тикток, врз основа на пакет мерки на кои работат надлежните органи – изјави Манастирлиу.
Тикток е платформа за кратки видеа, во сопственост на кинеската интернет компанија БајтДенс.Во Македонија деца завршија во болница поради опасен предизвик „Супермен“ којшто се ширеше на оваа мрежа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полска со алармантно предупредување до НАТО: Русија…
Полска упати сериозно предупредување до сојузниците во…
Американската армија подготвува војници за препознавање на…
Американската армија издаде нов теренски прирачник наменет…
Шокантни детали од „енергетското примирје“ на Трамп:…
Таканареченото „енергетско примирје“ што американскиот претседател Доналд…
Русија не прифаќа примирје со Украина: Пропаѓа…
Русија засега не потврдува дека прифатила какво…
Иран го оцени американскиот одговор за Ормускиот…
Иран го оцени како недоволен американскиот одговор…