Омерагиќ најавува: Регуларно првенство, итно воведување на ВАР!
Масар Омерагиќ е седмиот претседател во историјата на ФФМ по осамостојувањето на Македонија.
„Јас сум еден од вас, човек од фудбалот, знам во која насока треба да го развиваме фудбалот во Македонија. Ова е тимска работа исто како и фудбалот. Треба многу трчање, многу пот за да се постигнат целите. Со работа започнуваме веќе од утре. Имам неколку клучни точки кои ќе ги применам во моето владеење: Враќање на легендите во структутире на македонскиот фудбал. Чест ми е што мојата програма ја покажаа многу истакнати имиња. Фудбал за секое дете. Мојот сон и сонот на секое дете е да прерасне во фудбалер. Регуларно првенство, итно воведување на ВАР, инфраструктура. Да создадеме нормални услови секој фудбалер. Обединување околу националните селекции, особено околу А селекцијата. Чесност, чист образ и транспарентност.
Вратите на ФФМ се широко отворени за сите оние кои се со идеи да помогнат за доброто на фудбалот. Но и затворање на вратата на сите кои работат за лошото на фудбалот. Нулта толеранција за корупцијата во македонскиот фудбал“, изјави новиот претседател, Масар Омерагиќ на своето обраќање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да му поднесе кривична…
Талогот на СДС повторно се појави. Овој…
Се запали „БМВ“ на тетовски паркинг
Патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски…
Со 1,26 промили, велешанец физички ја нападнал…
Полицијата во Велес го лишила од слобода…
Двегодишно дете се затруло со лекови во…
Уште еден случај на затруено дете во…
Силен земјотрес со јачина од 7,4 степени…
Земјотрес со јачина од 7,4 степени според…