Ќе има ли штрајк во дел од државните институции, Финансии не им одобри додатоци на плата
еколку државни институции не добија согласност од Министерството за финансии за 30 проценти зголемување на додаток на плата, со што тие се ставени во нееднаква положба со шест други државни институции, меѓу кои и Министерството за финансии, кои добија согласност за зголемување на приходите на вработените.
Од Финансии, за Телма, зошто нема зголемување на приходите за вработените во министерствата за економија и труд, правда, животна средина, во администрација, но и во Државниот завод за статистика и во Државното правобранителство, одговорија дека секое министерство има буџет во рамки на којшто институциите ги планираат своите приоритети, односно дека наведените институции немаат доволно средства за да им се одобри зголемувањето.
„Оттаму Министерството за финансии постапувајќи согласно Законот за буџети одобрува преземање обврски исклучиво согласно планираните средства кај буџетскиот корисник и дадено е мислење по однос на поднесени барања за потпишување колективни договори онаму каде се предвидени средства во рамки на одобрените лимити со Буџетот. Имено, со Буџетот за 2025 година се предвидени средства за исплата на сите стекнати права на вработените согласно претходно потпишани колективни договори“, наведуват од Министерството за фиансии во одговорот за Телма.
Од Синидкатот на органите на управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) велат дека барањата за мислење од Финансии за новите колективни договори со кои било предвиено зголемување на додатоците на плата биле поднесени пред изготвувањето на буџетот за 2025 година, а оти одговорот од таму стигнал после неговото затворање.
„Но, имајќи в предвид дека не постои никаква ниту уставна, ниту законска пречка за склучување на колективни договори и минстерствата и синдикатот на УПОЗ пратија мислење да добијат од Министерството, а не согласност дали да потпишат колективни договор. Колективните договори се предвидени со Закон за работни односи и со Уставот на Република Македонија. Не може министерството за финансии самоволно да одлучува кој, а кој не, ќе потпишува колективни договори“, вели за Телма, Трпе Деаноски, претседателот на УПОЗ.
Деаноски одлуката на Министерството за финансии ја оценува како несериозна, велејќи дека проблемот до додатоците на плата може и сега да се реши со едноставно префрлање на буџетски средства за тоа.
„Треба да се знае дека Министерството за финансии во било кој момент може да го реши проблемот со пренамена на средства. Значи средства во буџетот има, видно е тоа, се работи за мала бројка на вработени, кога ќе ги ставите министерства на број тоа е бројка под 4.000 вработени лица, меѓутоа за дел од нив има најдено решение за дел не. Тој дел што е останат е околу 3.000 вработени. Платите се ниски, така и да се дозволи ова што го бараме ние, пак нема да има голема финансиска импликација во буџетот“, вели Деаноски.
Зголемување на додатоците на плата на вработените се бара неколку години нанзад и досега УПОЗ го издејствувале тоа за Службата за општи и заеднички работи на Владата, Генералниот секретаријат, министерствата за финансии, здравство, образование, култура. За нив е нејасно врз која оносва Финансии одлучило која државни институции ќе добие, а која не повисок додаток на плата, особено за институциите, каде, како што вели Деаноски, платите се најниски и токму преку додатоците на плата бил најден начин да им се зголем приходите на вработените.
Според информациите на Телма, во министерствата каде не е одобрен повисок додаток на плата револтот е голем и се размислува за штрајк. Од УПОЗ најавуваат дека деновите ќе одржат состанок на кој ќе решат на каков начин ќе реагираат и кога, неисклучувајќи го и најрадикалниот одговор – штрајкот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пожар изби во Ајфеловата кула во Париз,…
Во тек е евакуација на Ајфеловата кула…
Кривична пријава за даночно затајување за сопственик…
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава…
Кривичен ја одби жалбата за притвор на…
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје…
Владата со препорака Службен весник да ја…
Транспарентна влада е силна влада! Еден значаен…
Обвинителството даде мислење, судот ќе донесе конечна…
Со оглед на интересот на јавноста во…