Патот до Галичник и понатаму непрооден, месната заедница бара брза реакција од надлежните поради снег и дефекти
Регионалниот пат што води до селото Галичник не е прооден и по речиси еден месец од паѓањето на снегот во планинските подрачја. Чистењето на патот може да биде оневозможено доколку се остварат најавите за нови врнежи и зголемување снежната покривка.
Претседателот на месната заедница. Александар Костиќ-Мијак информира дека по апелите од минатиот викенд да се обезбеди проодност на патот пат од Маврово до селото никој не се одзвал, но за два дена сепак бил отстранет дефектот и нормализирано снабдувањето со струја. Многумина сопственици на имот имаат редовни работни обврски поврзани со повремено присуство во Галичник на кои им е потребен пристап.
-Во селото има 230 куќи, во кои сопствениците не можат да дојдат, а има и тројца постојни жители. Очекуваме да ни се овозможи проодност до Галичник кој веќе трета недела е отсечен од патна комуникација. Сакаме да укажеме дека според активните сообраќајни законски норми станува збор за регионален пат кој мора да биде постојано прооден, вели Костиќ.
Од месната заедница очекуваат соодветна и навремена реакција на надлежните институции и нормализирање на состојбата, бидејќи како што посочува Костиќ, проодноста на патот не е само од важност за Галичник, туку по него се обезбедува и пристап за сервисирање во случај на дефект до 110 киловолтниот далновод
-Проодноста на овој патен правец не е само за Галичник. Покрај патот поминува и стратешкиот 110 киловолтен далновод, врската помеѓу централите Шпиље и Вруток. Во вакви услови и непроодност, поправката на дефектот би се оддолжила на подолг рок, па и од таа причина е важно да се обезбеди проодност и да се исчисти снегот, вели Костиќ и напомнува дека со најавите за нов, чистењето на стариот снег треба да биде интервентно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Севернизација“ во Собранието: Од 41 закон се…
Владата и министерствата ја бетонираат „северна“. До…
Пожар изби во Ајфеловата кула во Париз,…
Во тек е евакуација на Ајфеловата кула…
Кривична пријава за даночно затајување за сопственик…
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава…
Кривичен ја одби жалбата за притвор на…
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје…
Владата со препорака Службен весник да ја…
Транспарентна влада е силна влада! Еден значаен…