Левица: Усје нѐ труе, Меџити се чешла
Усје нѐ труе, Меџити се чешла, велат од политичката партија Левица во објава на социјалните мрежи.
– Цехот од незаинтересираноста на Инспекциските служби и Министерството за животна средина, предводени од Изет Меџити, за состојбата со воздухот во главниот град, го плаќаат граѓаните со нивното здравје. Наместо преземање конкретни мерки против индустрискиот гигант, тие ги игнорираат алармантните факти и дозволуваат профитот на крупниот капитал да биде поважен од здравјето на луѓето. Газдите на УСЈЕ го полнат својот џеб, додека граѓаните на Скопје буквално се трујат секојдневно.
Двете страни на булеварот „Србија“ совршено ја прикажуваат трагедијата на животната средина во Скопје. На една страна, гигантот УСЈЕ, најголемиот загадувач во градот, ја прекрива околината со прашина и смог, додека на другата страна се гледа сино небо. Ова е еклатантен пример за суровата реалност на животната средина под загадувачката сенка на УСЈЕ.
Бројот на луѓе кои ги загубиле животите во последица на респираторни заболувања од година во година се зголемува. Најчести жртви се повозрасната категорија на луѓе, Но, уште позагрижувачки и алармантен е порастот на деца со ваков тип на заболувања, кои несомено можат да остават последици по нивното здравје, со кои би биле приморани да се справуваат цел живот.
Пред две години советниците на Левица во Советот на Град Скопје поднесоа Иницијатива за поставување на мерна станица во близина на УСЈЕ, но за истата не гласаа советниците на ДПМНЕ кои се мнозинство во Советот на градот. Нашите иницијативи и барања во Град Скопје за акција систематски се игнорираат и од централната власт. Влада е подготвена да ги отруе сопствените граѓани за сметка на интересите на крупниот капитал.
Левица останува доследна на отпорот против оваа системско игнорирање и борец за заштита на здравјето на нашите граѓани! Го повикуваме градоначалникот на Кисела Вода – Орце Ѓорѓиевски, итно и неодложно да ги преземе неопходните мерки против загадувањето и постави мерни станици за квалитетот на воздухот на критичните точки. Дополнително, бараме од Министерот за животна срединa – Изет Меџити, конечно да излезе на терен и да ги согледа состојбите кои го трујат градот со децении, бидејќи ако Институциите не се стават во функција на граѓанитe, тогаш тие ќе нѐ загушат! – стои во објавата на Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Директорот на Детската клиника и неговиот…
Левица бара од министерот за здравство, Арбен…
Левица: Усје нѐ труе, Меџити се чешла
Усје нѐ труе, Меџити се чешла, велат…
Левица: Слободата на Груби е колективен договор…
Слободата на Груби е колективен договор на…
Левица: ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира…
ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира отпад…
Левица: ДПМНЕ клекна пред ВРЕДИ и ДУИ,…
Откако ДПМНЕ со фанфари најавуваше интонирање на…