Зеленски предизвикува штета, тоа е недозволиво – рече Фицо по средбата со Путин
Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да продолжи со испораките на гас за Запад, откри словачкиот премиер Роберт Фицо по средбата со рускиот лидер во Москва.
– Рускиот претседател Владимир Путин ја потврди подготвеноста на Русија да продолжи со испораките на гас за Запад и Словачка, што е практично невозможно по 1 јануари 2025 година, со оглед на позицијата на украинскиот претседател – напиша Фицо на својата Фејсбук страница.
Фицо, кој разговараше со Путин, нагласи дека неговата посета на Русија е реакција на изјавите на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој се закани дека ќе го спречи транзитот на руски гас низ Украина.
– Ваквиот став (на Зеленски) предизвикува финансиска штета на Словачка и го загрозува производството на електрична енергија во нуклеарните централи во Словачка. Ова е недозволиво – нагласи Фицо.
Премиерот на Словачка рече дека со рускиот претседател разговарал и за односите меѓу двете земји, како и за можноста за мирно решавање на војната во Украина.
– Во долгиот разговор, Путин и јас разменивме мислења за воената ситуација во Украина, можноста за брз мирен крај на војната, односите меѓу Словачка и Руската Федерација, кои имам намера да ги стандардизирам – најави Фицо на социјалната мрежа.
Тоа беше прва лична средба меѓу Путин и Фицо уште од 2016 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и натаму во убедливо…
Големи се разликите во рејтинзите на ВМРО-ДПМНЕ…
Мицкоски: Скопското Кале ќе се обнови и…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска изврши…
Полицаецот-тепач бил Албанец од крим-полиција, внатрешната контрола…
Полицаецот-тепач кој ги нападнал двете лица и…
Му го украле автомобилот со оставени клучеви…
Жител на тетовското село Жилче пријавил дека…
Грците открија 7,3 милиони шверцувани цигари: Со…
Грчките власти заплениле околу 7,3 милиони шверцувани…