Објавено на:

Стејт департментот со предупредување до Американците да не патуваат во Белорусија

t

Американскиот Стејт департмент ги повика Американците да ја напуштат Белорусија.

На веб-страницата на министерството се наведува дека граѓаните на САД треба да се воздржат од патување во Белорусија, а оние кои веќе се таму „треба веднаш да ја напуштат земјата“.

Меѓу наведените причини се поддршката на Белорусија за „Специјалната воена операција во Украина“, ризикот тие да завршат во затвор, можноста за граѓански немири и ограничената можност на амбасадата да им пружи помош на американските граѓани.

„Граѓаните на САД треба редовно да ги прегледуваат потенцијалните планови за итно заминување. Граничните премини со соседните земји понекогаш се затвораат без претходна најава. Дополнителни гранични премини се затворени на границите на Белорусија со Литванија, Полска, Латвија и Украина“, се вели во соопштението Стејт департментот.

Работата на американската амбасада во Минск беше прекината на 28 февруари 2022 година, потсетува рускиот портал Спутник.

По наредба на Стејт департментот, неговите вработени беа евакуирани, а службите, вклучително и итните служби, беа суспендирани.

Граѓаните на САД на кои им е потребна помош се охрабруваат да контактираат со американските амбасади и конзулати во соседните земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црногорската влада воведе санкции против Белорусија

Владата на Црна Гора денес одлучи да…

Осум земји-кандидатки за ЕУ, меѓу кои и…

Европската унија одлучи да додаде 25 физички…

Од Европа само Македонија и Белорусија не…

Генералното собрание на Обединетите нации денеска ја…

Стејт департментот со предупредување до Американците да…

Американскиот Стејт департмент ги повика Американците да…

Лукашенко: Во Белорусија има десетици нуклеарни боеви…

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко потврди дека…