Хрватска воведува безбедносни мерки во училиштата по нападот во „Пречко“
Хрватската влада одлучи да воведе построги безбедносни мерки во училиштата откако во петокот (20-ти декември) едно дете загина, а пет лица се повредени во напад во основното училиште „Пречко“ во Загреб, објави весникот „Јутарњи лист“.
„По ужасниот чин на болно лице, ќе бараме строго почитување на мерките за заклучување на училиштата. Она што веднаш ќе го направиме е да ги смениме бравите на училишните врати за да може да се отворат одвнатре, но не и однадвор, рече министерот за образование Радован Фукс.
Во училиштата ќе се спроведе мерка за нивно заклучување 30 минути пред и 15 минути по почетокот на наставата. Ќе треба да има службеник на секој влез во училиштето за да следи кој влегува и излегува.
Само учениците и вработените ќе можат да влезат во училиштата преку главниот влез на зградата. Сите други лица, вклучително и родителите, можат да влезат во училиштата само со претходно барање до училишните власти или класниот раководител. Во овие случаи, училишен службеник ќе се сретне и ќе ги придружува до и од влезот на училишната зграда.
Компании за обезбедување ќе бидат ангажирани за поедини училишта ако тие изразат таква желба. Во моментов општина Загреб има одобрено ваква мерка за ОУ „Пречко“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…
МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…
Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…