Денеска се празнува Преподобен Даниил Столпник
Роден е во селото Витара кај градот Самосат во Месопотамија, од родители христијани, Илија и Марта. Беше измолен од Бога од мајка му којашто беше бездетна и како син единец го посветија од малечок на служба на Бога. Во дванаесеттата година прими монашки чин, го посети светиот Симеон Столпник и го доби неговиот благослов. Желен за самотија, Даниил го напушти манастирот и се повлече во еден запустен идолски храм на брегот на Црното Море. Овде претрпе безброј напади од демоните, но сите ги победи со трпението, молитвата и знакот на крстот. Потоа се качи на столбот на којшто остана сè до својата смрт, поднесувајќи ги еднакво жегата и студот и нападите од луѓето и демоните. Околу неговиот столб се собраа голем број ученици и тој, со својот пример и поучувајќи, сите ги водеше кон живот во светост. Овој Свој слуга заради ползата на луѓето Бог го даруваше со голема блaгодат на чудотворство уште за време на животот. Беше голем прозорливец на идните настани. Под неговиот столб притекнуваше народ од сите страни, во потрага по помош и совет од Божјиот светител. Кај него доаѓаа цареви, патријарси и прости луѓе. Царот Лав Велики своите гости-државници од странство ги водеше под столбот на светиот Даниил и им го покажуваше светителот велејќи: „Ете го чудото во моето царство!“ Преподобен Даниил си го прорече денот на својата смрт, ги поучи своите ученици и се прости. Пред неговата смрт, учениците видоа над столбот Ангели, пророци, апостоли и маченици. Овој ангелски човек поживеа осумдесет години и се упокои во 489 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денеска се празнуваат Свети Еразмо Охридски и…
Свети Еразмо Охридски Овој светител беше родум…
Денеска се празнува Слегување на Светиот Дух…
Празникот Педесетница, во народот познат како Духовден,…
Верниците од исламска вероисповед го слават Курбан…
Верниците од исламска вероисповед денеска го слават…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Календар на МПЦ: Денес се празнуваат овие…
Свети Епифаниј, епископ Кипарски Роден како Евреин,…