Зеленски го обвини словачкиот премиер Фицо дека сака да му помогне на Путин
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини словачкиот премиер Роберт Фицo, кој беше во посета на Москва, дека „сака да му помогне“ на рускиот претседател Владимир Путин „да заработи пари за финансирање на војната со Киев“.
Фицо е близок со Путин, а Словачка зависи од испораките на руски гас.
Зеленски рече дека Фицо не сака да најде решенија за замена на рускиот гас и да обезбеди „енергетска независност на Европа“.
Тоа сугерира дека „тој сака да му помогне на Путин да заработи пари за да ја финансира војната и да ја ослабне Европа“, напиша украинскиот претседател на мрежата Х.
„Губиме луѓе поради војната што ја започна Путин и сметаме дека таквата помош на Путин е неморална“, додаде Зеленски.
Фицо во неделата објасни дека неговата ненадејна посета на Москва е „одговор на ставот на Володимир Зеленски за гасот“.
Зеленски рече дека Украина нема да продолжи со транзитот на руски гас во Европа по истекот на сегашниот договор на крајот на годината.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…