Повеќето од претседателските кандидати во Хрватска не сакаат да испраќаат војници во Украина

t

Осум кандидати за претседател на Хрватска вечерва се соочија во дебата на јавниот сервис ХРТ за нивните позиции за одбранбената политика и безбедност, при што мнозинството истакна дека како можни идни претседатели нема да дозволат хрватските војници да се борат во други земји.

На прашањето дали би поддржале испраќање двајца хрватски офицери во мисија во која украинските војници би биле обучени во германскиот град Визбаден, како и испраќање хрватски војници на територијата на Украина доколку се постигне мировен договор, повеќето од кандидатите за шеф на државата одговорија негативно, пренесе Хина.

Миро Буљ од движењето Мост истакна дека војниците треба да се испратат на хрватските граници за да ги заштитат своите граѓани, а независниот кандидат Томислав Јоњиќ, пак, истакна дека Хрватска е членка на НАТО и дека има придобивки но и обврски.

Тој рече дека би бил против хрватските војници да одат во Украина, но нема да прави парада за двајца офицери кои требало да одат во Визбаден.

Кандидатката на партијата „Можемо“, Ивана Кекин, смета дека на Украина треба да и се помогне и финансиски и хуманитарно и со воена опрема, но не и со испраќање војници.

Иако смета дека треба да се исполнат обврските кон НАТО, Бранка Лозо од движењето ДОМИНО не е за испраќање хрватски војници во воени мисии.

Актуелниот претседател и кандидат на СДП и партнер Зоран Милановиќ истакна дека „одговорот на хипотетичкото прашање е не“.

„Во мојата работа и дејствувајќи во хрватските интереси како премиер и претседател на Републиката, двапати донесов одлуки, за жал, за повлекување на хрватските војници од смрт во Сирија и Авганистан пред да избие хаосот. Сега е само полошо“, рече тој и додаде дека Хрватска има обврски кон НАТО, но дека во никој случај не е обврска да им помогне на земјите кои не се членки на Алијансата.

Кандидатот на ХДЗ, Драган Приморац, истакна дека како претседател никогаш нема да дозволи хрватски војник да се бори на туѓа територија.

Независниот кандидат Марија Селак Распудиќ рече дека ова прашање станало тема затоа што Милановиќ го сакал за да создаде впечаток дека хрватските момчиња ги праќале да умрат за политички да профитираат, пренесува Хина.

За независниот кандидат Нико Токиќ Картела оваа тема е ирелевантна бидејќи прашањата се хипотетички.

Говорејќи за илегалната миграција, кандидатот Јоњиќ, како и Буљ, е за влез во војска на границите доколку полицијата не може да го реши проблемот, а во оваа насока размислува и Селак Распудиќ.

Кекин смета дека ЕУ треба поправедно и солидарно да го сподели товарот на мигрантската криза, додека Лозо се изјасни за зајакнување на полицијата, а Милановиќ за евентуално давање поголеми овластувања на полицијата.

„Кога ќе станам претседател, секој илегален мигрант ќе биде депортиран, Хрватска нема да биде рај за илегални мигранти“, рече Приморац.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…

Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…

Просечната нето плата во април 45.452 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…

Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…

Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…

Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…

Српските возови добиваат бизнис класа

За околу година, година и пол, „Србијавоз“…