Објавено на:

Израел за прв пат потврди дека стои зад атентатот на лидерот на Хамас

t

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац за прв пат потврди дека Израел стои зад атентатот на лидерот на Хамас Исмаил Ханија во Техеран летово, пишува „Тајмс оф Израел“.

На комеморацијата за локалните безбедносни службеници, Кац им се закани на Хутите во Јемен, откако бунтовничката група поддржана од Иран продолжи да врши напади врз Израел.

Кац истакна дека Израел ги поразил Хамас, Хезболах и, како што вели, ги заслепил одбранбените системи во Иран, го соборил режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и и нанел тешки удари на „оската на злото“ и жестоко ќе ja нападне „терористичката организација на Хутите“ во Јемен, последната преостаната.

-Ќе ја нападнеме стратешката инфраструктура (на Хутите) и ќе ги обезглавиме нивните лидери. Она што им го направивме на Ханија, Синвар и Насрала, во Техеран, Газа и Либан, ќе го направиме и во Ходеида и Сана, рече Кац, мислејќи на убиените лидери на Хамас и Хезболах.

Ханија беше убиена на крајот на јули во Техеран, а Иран го обвини Израел за неговата смрт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…