Укината забраната за тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража и на патот Крива Паланка – ГП Деве Баир

t

Денеска во 10.15 часот е укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража, соопштија од ЈП Македонијапат.

Од јавното претпријатие информираат и дека од 10.40 часот е укината и забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – ГП Деве Баир и на Пресека.

Претходно утрово оттаму информираа дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот, како и дека забрани за тешки товарни возила биле воведени на патните правци Дебар – Маврово, Кичево – Гостивар на превојот Стража и Тетово – Попова Шапка каде за останатите возила е задолжителна зимската опрема.

Утрово од 07:30 часот поради врнежи од снег била воведена забрана за тешки товарни возила преку планинскиот превој Барабарос, а од 08:05 часот забрана за тешки товарни возила е воведена и на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека. Од 08:30 часот забрана за тешки товарни возила е воведена и на патниот правец Крива Паланка кон граничен премин Деве Баир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешка сообраќајна несреќа кај Кичево: Се судриле…

Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска на…

Забрани за тешки возила кон Стража и…

Сообраќајот на државните патишта низ земјава се…

Поради магла намалена видливост на Стража, Ѓавато…

Автомото сојузот на Македонија информира дека поради…

Укината забраната за тешки товарни возила преку…

Денеска во 10.15 часот е укината забраната…

(Видео) И ВМРО-ДПМНЕ и Стојанче ги изненади…

Македонија пат, ЦУК, Стојанче Ангелов, ВМРО-ДПМНЕ и…