Царинската управа спречи шверц на злато, лекови, фотоапарати, опрема за боречки вештини…
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што запленети се златни монети, лекови, фотоапарати, делови за мобилни телефони, автоделови, како и опрема за боречки вештини.
Странски државјани биле фатени при обид да криумчарат злато преку граничен премин Табановце.
„При контрола на автомобилот во чантата на сопатничката откриени се 5 златни монети со проценета вредност од половина милион денари“, информираат од Царина.
На скопскиот аеродром бил спречен шверц на 1.200 таблети Plaquenil што се употребуваат за третман на лица со автоимуни болести.
Професионални фотоапарати и опрема за фотографирање била пронајдена при контрола на автомобил на влез во државата на граничниот премин „Табановце“.
Мобилни телефони и 74 делови за мобилни телефони со вкупна вредност од 204 илјади денари биле пронајдени во просторот за резервна гума на автомобил пријавен за влез во државата на граничниот премин „Блаце“.
Опрема за боречки вештини биле пронајдени при контрола на камион на граничниот премин „Табановце“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Војната во Иран ги зголеми цените на…
Цените на широко користените лекови во Англија,…
Спречен обид за криумчарење на лекови, злато,…
Царинската управа спречи обиди за криумчарење на…
По 10 години се ажурира листата на…
Министерот за здравство, Азир Алиу, соопшти дека…
Пониски цени за над 300 лекови, ќе…
Министерството за здравство информира дека е спроведено…
Тригодишно дете од Штип затруено со лекови
Тригодишно дете од Штип вчера е хоспитализирано…