Две лица планирале бомбашки напад во Сараево!

t

Полицијата во Сараево вчера уапсила две лица на возраст од 31 и 47 години, осомничени за подготовка на бомбашки напад, информира Министерството за внатрешни работи на БиХ, пренесува Телеграм.

-Наведените лица се сомничат дека во текот на месец декември, во претходно постигнат договор, свесно и со намера набавиле и размениле експлозивни материјали, чија набавка е нелегална за граѓаните, се со намера да состават експлозивна направа на далечинско активирање, што кога би се активирала би претставила огромна опасност нанесувајќи голем број на човечки жртви и материјачна штета од поголеми размери- велат од Министерството.

Според соопштението, во текот на претресите полицијата пронашла експлозив, далечински уред за активирање на експлозив, панцири, цевка од пиштол и други предмети.

Лицата биле уапсени, а по целосно документирање на случајот ќе бидат предадени на јавното обвинителство во Сараево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови три случаи на инфекција со бруцелоза…

Во Сараево се регистрирани три нови случаи…

Најмалку 44 луѓе загинале во израелски напад…

Агенцијата за цивилна одбрана на Газа соопшти…

Пред 10 дена исчезнала, а сега е…

Членовите на Планинската спасувачка служба (ГСС) од…

Две лица планирале бомбашки напад во Сараево!

Полицијата во Сараево вчера уапсила две лица…

Пукање во центарот на Сараево: Едно лице…

Едно лице е повредено во престрелката што…