„Комитата“ Бојан Стојановски ги „протурка“ двојазичните лиценци во прва фаза, уште Собранието да запечати па нека честита кој сака!
За првпат во историјата на Македонија, ќе имаме двојазични лиценци и двојазично полагање за лиценци за работа во градинките низ Македонија!
Шверцерските практики во Собранието продолжуваат, откако претседателот Африм Гаши наместо Законот за заштита на децата да го испрати во матичното тело Комисија за социјална политика, демографија и млади, истиот го испрати во Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика.
Никој не прашува зошто се прескокнува матичното работно тело, кое патем е блокирано од претседателката Илире Даути поради Законот за бранителите, па двојазичните лиценци ќе ги протурка пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски, кој е претседател на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика.
Во измените на Законот се предвидува испитот да се полага на македонски јазик и на јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните на РСМ.
Исто така, во членот 9 се предвидува издавање на двојазични лиценци.
Во извештајот на Комисијата која ја раководи Бојан Стојановски стои дека:
Воведно образложение по Предлогот на закон даде заменик на министерот за
социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски. Тој истакна дека во
Република Северна Македонија заштитата на децата како област е уредена со Законот
за заштита на децата. Имено, од октомври 2023 година не се спроведува стручниот
испит за стекнување на лиценца за работа во установите за деца, кој испит се однесува
на сите заинтересирани лица кои сакаат да се вклучат во системот за згрижување и
воспитание на деца од предучилишна возраст. Министерот за социјална политика
демографија и млади е надлежен за издавање на следните лиценци за работа:
лиценца за стручен работник, лиценца за стручен соработник, лиценца за воспитувач,
лиценца за негувател и лиценца за директор. Последните испити се спроведени во
октомври 2023 година. Просечниот број на кандидати кои полагаат во еден месец е
околу 50 кандидати. Лиценцата за работа кои ја добиваат лицата кои сакаат да се
вклучат во системот за згрижување и воспитание за деца од предучилишна возраст е
неопходен критериум, односно задолжителен услов кој истите мораат да го исполнат,
односно без важечка лиценца за работа овие лица не можат да аплицираат за
вработување во детските градинки, каде во моментов имаме најголема потреба од
вработување на ваков кадар на државно ниво. Од овие причини со овој Предлог на
закон се дава можност во исклучителни ситуации да се предвиди начин на кој ќе
продолжи континуирано да тече процесот на полагање на испити за стекнување на
лиценца за работа, односно со полагање на испитот во хартиена форма. Со
предложениот закон се утврдува дека лиценцата за работа се издава на македонски
јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните на
Република Северна Македонија и неговото писмо, како и дека испитот за стекнување
на лиценца за работа се полага на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на
јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните на Република Северна Македонија и
неговото писмо. Со овој Предлог на закон се менува називот на Министерството за
труд и социјална политика, името на министерот и називот на Државната комисија за
одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, согласно
Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на
органите на државната управа. Наведените причини ја наметнаа потребата од
донесување на овој закон.
Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика со седум гласа
„за“ заклучи дека Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за
заштита на децата е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.
За известител на седницата на Собранието, Комисијата го определи пратеникот
Зоранчо Јованчев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Издадени над 200 лиценци за производство на…
Од јануари до ноември 2022 година Регулаторната…
Србија издаде три лиценци на менувачници за…
„Во моментов се обработуваат три лиценци за…