45 тони индустриска сол фрлена на критичните точки и на поголемите булевари во Скопје

t

Екипи на Зимската служба на Град Скопје и ЈП „Улици и патишта“-Скопје во текот на изминатата ноќ почнаа со активностите за чистење снег и фрлање на сол на сите булевари и критични точки во градот, известија од „Улици и патишта“.

Интервенирано е со фрлање на 45 тони индустриска сол на сите критични црни точки и на поголемите булевари и улици во градот со седум специјални возила на Град Скопје.

Се чистеа првите снежни наноси на булеварот Александар Македонски, улиците Радишанска, Индира Ганди, Коце Металец, како и Христо Татарчев на последна автобуска постојка број 24.

Координираните активности за зимско одржување на улиците во надлежност на Град Скопје и ЈП Улици и патишта продолжуваат со целокупната механизација и расположливиот кадровски потенцијал.

Градот Скопје и јавните градски претпријатија за претстојната зимска сезона 2023/2024 обезбедија околу 3.500 тони индустриска сол, од кои околу 1000 тони се залиха од минатата зимска служба. Обезбедени се и 200 тони ладна асфалтна маса за санација на оштетените сообраќајни површини. Со Програмата се предвидени обемот, динамиката и нивото на одржување на улиците, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на градските сообраќајници во зимски услови.

Коловозните ленти при одржувањето во зимски услови ќе се расчистуваат според приоритети, како што се критичните точки, пристапите до објектите од витално значење за граѓаните и сообраќајниците од посебно значење за функционирање на сообраќајот /стопански објекти/.

Преостанатите јавни претпријатија се задолжени во рамки на Програмата и своите надлежност да обезбедат механизација и опрема, а имаат изготвено и посебни потпрограми за расчистување на јавни површини во зимски услови.

Кризниот штаб апелира до граѓаните, урбаните заедници, куќните совети и претпријатијата, благовремено да преземаат мерки за отстранување на возилата од коловозите, расчистување на пешачките приоди, приодите до објектите и покривите на објектите. Во спротивно, полицијата и комуналните инспектори, врз основа на Законот за јавна чистота ќе изрекуваат казни. Посебно се апелира до возачите да ја почитуваат законската регулатива за задолжително користење зимски пневматици, со што ќе придонесат во организирањето на оптималната безбедност на сообраќајот во зимски услови.

Потсетување за граѓаните дека за расчистување на сервисните улици надлежни се општините.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Хаос во Сеута: стампедо и предупредувачки…

Хаотични сцени се случувале утрово во шпанската…

ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех…

Филипче денес се најде да зборува за…

Урсула фон дер Лајен на турнеја низ…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Макрон нареди изработка на план за заштита…

Францускиот претседател Емануел Макрон во петокот изјави…

Европа останува без нафта од Саудиска Арабија…

Саудиска Арабија ги информирала европските рафинерии дека…