Данска го зголемува буџетот за одбрана на Гренланд по најавата на Трамп дека сака да го купи
Данската влада најави огромно зголемување на буџетот за одбрана на Гренланд, неколку часа откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја повтори желбата да ја купи територијата на Арктикот.
Данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен не ја прецизираше точната бројка, но рече дека одбранбениот пакет вклучува „милијарди во двоцифрена сума“, додека локалните медиуми проценуваат дека ќе изнесува околу 12-15 милијарди круни, што е блиску до 1,5 милијарди евра, наведува Би-би-си.
Министерот додаде дека за тие пари е планирана набавка на два патролни чамци од класата Тетис, два дрона со долг дострел и два тима на санки со кучиња на влечење, а средствата ќе се вложат и во зголемување на персоналот на данската арктичка команда.
„Со години не инвестиравме доволно на Арктикот, сега планираме посилно присуство“, рече Поулсен.
Тој терминот на оваа објава го нарече „ироничен“, бидејќи тоа дојде само неколку часа по најновите изјави на Трамп за купување на Гренланд.
Министерот за одбрана нагласи и дека Данска не може сама да ја контролира огромната територија на Гренланд.
„Нема конкретни планови, но ќе соработуваме со САД“, рече Поулсен.
Соопштението дојде еден ден откако Трамп на социјалната мрежа рече дека „за целите на националната безбедност и слободата ширум светот, Соединетите Американски Држави сметаат дека сопственоста и контролата на Гренланд се апсолутно неопходни“.
Премиерот на Гренланд Муте Егеде одговори на изјавите на Трамп со коментар: „Не сме на продажба“.
Трамп предложи купување на Гренланд за време на неговиот прв мандат, што крена дипломатска прашина меѓу Вашингтон и Копенхаген, кои го нарекоа планот „апсурден“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Данска го зголемува буџетот за одбрана на…
Данската влада најави огромно зголемување на буџетот…
Трамп најавува дека ќе стави крај на…
Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата…
Трамп: Апсолутно е неопходно Америка да ја…
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп смета дека…
Бајден одобри пакет воена помош за Тајван
Американскиот претседател Џо Бајден одобри нов пакет…
Зеленски: Европа не може да ја спаси…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика Европејците…