Филипче: Мицкоски лично дозволи трговците да печалат на маката на луѓето

t

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по повод шест месеци од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, одржа прес-конференција на која алармираше за катастрофалните економски политики кои резултираа со огромна економска несигурност и слабеење на стандардот на граѓаните.

„По шест месеци, едно е сигурно, се чувствува голема економска несигурност и слабеење на стандардот на граѓаните. Сметките растат, цените растат, а Владата со лажни кошнички и измами се обидува да ги излаже луѓето дека со нешто им помага. Реалноста е сосема друга од онаа која ни ја презентира Мицкоски, а граѓаните тоа најдобро го знаат кога ги отвораат паричниците. За жал, оваа Нова година тие ќе ја дочекаат многу поскромно и понесигурно,“ истакна Филипче.

Владата на Мицкоски наместо да се грижи за граѓаните, се води од интересите на економската елита.

„Економските политики на Мицкоски се политики за елитата. 99% од граѓаните плаќаат за 1% од елитата на Мицкоски. Оваа потчинетост и слугување на своите бизнис партнери и на трговците е поразителна,“ рече Филипче.

Дополнително, начинот на кој Владата се справува со покачувањето на цените и профитерството на трговците е доказ за неспособност и целосна незаинтересираност за благосостојбата на народот.

„Мицкоски лично дозволи трговците да печалат на маката на луѓето. Го слушам вчера вели срамота било тоа што го правеле трговците. Тој го договори токму ова со нив, тој им дозволи со недели да ги качуваат цените и молчеше додека сите ние алармиравме. Мицкоски лично рече дека со апели, а без казни ќе убедуваат трговците да го почитуваат договореното. Касно е. Мицкоски ја префрла вината за овој дебакл и грабеж на трговците и да глуми загрижен политичар. На оваа тема веќе никој не му верува,“ истакна Филипче.

СДСМ останува на страната на граѓаните, борејќи се против политиките кои носат само пад на стандардот и зголемување на економската несигурност. Ги повикуваме граѓаните да ја препознаат вистината и да се спротивстават на погубните политики на оваа Влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Мицкоски лично дозволи трговците да печалат…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по повод…

Прилепчанец пронајден починат во камп приколка

57-годишен прилепчанец пронајден починат во прилепско. -…

Кривична за малолетничка од тетовско, крадела автомобили

Секторот за внатрешни работи во Тетово поднесе…

Клоп водел тајни преговори со Ред Бул…

Англискиот весник „Дејли Мејл“ тврди дека Јирген…

Најави ли Ристовски враќање во репрезентацијата!?

По официјалната смена и поставеното ново раководство…