Децата ги фрлаа јаболката што ги добиваа, рече Трипуновски за мерката „Здрава ужина за секој ученик“ и најави нејзина модификација
Мерката на претходната Влада за помош на овоштарството со која во градинките и училиштата на децата им се даваат јаболка, ќе биде сериозно модифицирана, најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, со цел, како што рече, да се постигне посакуваниот ефект.
„Таа мерка беше можеби добро смислена, но тотално погрешно спроведена. Бевме сведоци дека низ училиштата децата практично ги фрлаа јаболката коишто ги добиваа, а и крајно беше сомнителен квалитетот на тие производи“, вели тој.
Според него, за следната година се размислува за сериозна модификација на оваа мерка, за да го има посакуваниот ефект и да не се фрлаат пари без потреба.
„Поента на мерката е секој ученик, секое дете во градинките да добие здрав, квалитетен, а пред се, органски производ“, рече министерот.
Посочи дека изминатата година над 40 милиони денари чинело спроведувањето на ова мерка.
„А ефектот беше многу мал, речиси никаков“, кажа Трипуновски.
Претходната Влада во 2022 година ја воведе мерката „Здрава ужина за секој ученик“, со која над 180 илјади ученици во 350 училишта во земјава за ужина добиваат домашни јаболка.
На тој начин, државата им помага на домашните производители на јаболка, а на децата им се обезбедува здрава и свежа ужина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех…
Филипче денес се најде да зборува за…
Урсула фон дер Лајен на турнеја низ…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Макрон нареди изработка на план за заштита…
Францускиот претседател Емануел Макрон во петокот изјави…
Европа останува без нафта од Саудиска Арабија…
Саудиска Арабија ги информирала европските рафинерии дека…
Ѕвончето на Детската клиника уште еднаш заѕвони:…
Ѕвончето на Клиниката за детски болести уште…