БИДИ ПОЛИЦАЕЦ- Огласот за прием на 600 нови полициски службеници е во тек, биди и ти дел од македонската полиција

t

Биди полицаец. Биди хуман. Создај ред. Чувај ги граѓаните. Поседуваш храброст, солидарност и чесност. Висок морал, интегритет и дисциплина. Ако тоа се твоите човечки квалитети тогаш полицијата е вистинскиот избор за тебе. Улогата на полицијата е клучна во едно општество бидејќи таа е гарант на безбедноста, сигурноста и владеење на законот што се основа за напредок и економски просперитет на државата и сите граѓани во неа, велат од МВР.

-Полицијата работи на спречување, откривање и санкционирање на сите видови криминал. Затоа биди меѓу најдобрите, биди секогаш прв, биди полицаец.
Министерството за внатрешни работи распишува конкурс за прием на униформирани и сообраќајни полициски службеници, гранична полиција и специјални полициски единици. Да се биде полицаец е повик а не обична професија. Затоа придружи не се, прифати го својот повик, биди полицаец.Успехот секогаш зависи само од тебе. Оствари го својот сон. Биди заштитник на семејството, најблиските, граѓаните и татковината. Биди борец против криминалот и чувар на редот. Биди дел од македонската полиција! Биди полицаец!, подвлекуваат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех…

Филипче денес се најде да зборува за…

Урсула фон дер Лајен на турнеја низ…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Макрон нареди изработка на план за заштита…

Францускиот претседател Емануел Макрон во петокот изјави…

Европа останува без нафта од Саудиска Арабија…

Саудиска Арабија ги информирала европските рафинерии дека…

Ѕвончето на Детската клиника уште еднаш заѕвони:…

Ѕвончето на Клиниката за детски болести уште…