Мојсоска: Дали професорката по уставно право ќе потпише неуставен закон за двојазични лиценци?

t

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска преку објава на социјалните мрежи ја повика претседателката Гордана Силјаноска Давкова да не го потпишува указот на законските измени со кои се воведуваат двојазични лиценци во градинките.

,,Дали почитуваната претседателка Силјановска ќе го потпише указот за измените на Законот за заштита на децата – кои беа донесени шверцерски, со кршење на Деловник, преку ненадлежна собраниска комисија?”

Мојсоска во објавата потенцира дека со измените на Законот за заштита на децата за прв пат се воведуваат двојазични лиценци во градинките, врз основа на неуставен закон за двојазичност со кој се крши унитарноста на Републиката. Пратеничката од Левица дополнува дека унитарноста е спротивна на паралелните иституции кои се градат со вакви дезинтеграциски закони.

,,За претседателката Силјановска, како истакнат професор по уставно право, треба да е доволно што овие двојазични лиценци се донесени со брутално кршење на процедурата и усвоени на собраниската Комисија за енергетика, наместо на собраниската Комисија за социјална политика. Односно, и лаик во право знае дека измени на закон за лиценци за градинки не се носат на собраниска комисија за енергетика.

Дали професорката по уставно право ќе се одважи да не го потпише указот во име на владеењето на правото и заштитата на Уставот како највисок правен акт?” – пишува Мојсоска од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бомба пронајдена во центарот на Даблин, во…

Експерти за експлозивни направи од ирската армија…

Видете какво ќе биде времето денес

Променливо облачно со повремени локални врнежи од…

Хаос во авиосообраќајот: Прекини на радарите и…

Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) во…

Прекини во комуникациите ги погодија полицијата, аеродромите…

Голем глобален дефект во системите на „Мајкрософт“…

Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…

Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…