Мицкоски: Безбедносните служби лажно ме претставиле како организатор и финансиер на „параполициска воена формација“ , за ова ќе има одговорност

t

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашања одговарајќи на едно од прашањата, дали има нови момент во насока на деталите кои ги изнесовте пред некое време од оваа собраниска седница за ваше физичко следење и дали може да се очекуваат докази врз база на спроведена истрага во рамки на институциите, вели дека според Извештајот на работата на Агенција за национална безбедност, кој е декласифициран за јавноста, тогашните безбедносни служби го назначиле како организатор на „параполициска воена формација“ и физички го следеле, но не само него туку предмет на следење било и неговото семејство, двата малолетни сина и неговата сопруга.

„Една од неколкуте институции кои што треба да се занимаваат со безбедноста на државата, наместо да се занимава со безбедноста на Македонија, се занимавала со физичко следење на претседателот на најголемата опозициска партија. И тоа го правеле на многу интересен начин. Како? Измислуваат извор во случајот „цилиндар“ кој што според нив доставува веродостојна информација. Конкретно таква информација доставил од објективни причини, нема да ја кажам точната дата, туку ќе кажам некаде од почетокот на 2020 година, чудно тоа коинцидира со изборите кои што тогаш се случуваат, во која што вели, внимавајте, пара полициско воено вооружена формација. Претпоставувам најголем дел од вас биле пара полициско воено вооружена формација составена од внимавајте го ова, македонски радикални екстремни и националистички настроени државјани кои имаа за цел во предизборието да вршат заплашување и закани на македонски граѓани за да издејствуваат поддршка за ВМРО-ДПМНЕ. И ова е многу интересно, нарачател и финансиер на оваа пара полициско воено вооружена формација на македонски радикални екстремни и националистички настроени елементи, е професор д-р Христијан Мицкоски. Јас сум тој кој што оваа пара полициско воено вооружена формација ја финансирал, ја формирал итн.

Но, ова е оставено како трага таму и точно се знае кои се тие кои што ова го работеле. Точно се знае. Ова служело како покритие за да бидеме покриени физички сите. Сите најголем дел од вас се дел од оваа пара полициско воено вооружена формација“, порача Мицкоски.

„Одиме понатаму некаде во втората половина од оваа година истиот овој извор „цилиндар“ вели дека јас сум виден со две женски особи на Водно, во нивно друштво на Водно како пешачам. Во името на приватноста не сакам да ги кажам, како што не е вистинита информацијата, не е ни првата, не е ниту оваа втората вистинита, како пешачам и замислете тие ми презентирале информации од мој политички интерес. А додека пешачам, изворот „цилиндер“ мене ме покривал“, нагласи Премиерот Мицкоски и рече дека во 2021 година за време на локалните избори бил следен, но овој пат изворот го добил името „џокер“.

„Понатаму, исто така, пред избори во 2021 година тогаш се локалните избори, изворот сега го добива „џокер“ не е веќе „цилиндар“ вели дека во Манастирот Св. Јоаким Бигорски мојата средба со припадници на патриотско друштво не била случајна, туку тоа било средба во која што јас сум ја остварил за да ја нарушуваме безбедноста и стабилноста на Македонија. Повторно алиби за да бидам физички покриван“.

Премиерот Мицкоски во насока на ова, праша дали ова се европските вредности кои ги промовираше тогашната власт на СДСМ и ДУИ, посочувајќи дека мора преку реформи еднаш засекогаш да се стави крај на овие злоупотреби со безбедносните служби.

„Е сега ова ли се европските вредности. Ајде за тоа што крадеа, крадеа, за тоа ќе има одговорност. Има институции во оваа држава“, истакна премиерот и додаде:

„И тоа не е сè. Тука се покривани и мојата сопруга, моето семејство и мојот малолетен син. И двајцата, едниот е поголем, другиот е помал. Но, и тие се покривани физички. И затоа е сега стравот, затоа е сега стравот. Не е стравот заради друго нешто. Овие европски вредности ги промовираа овие луѓе. Дали ова се вистинските европски вредности, дали јас ви личам на човек кој што може да финансира пара полициско воено вооружена формација.

Затоа треба на овие злоупотреби еднаш засекогаш со реформа во овие служби да им се стави крај, за да не им се случува на оние генерации кои што доаѓаат по нас. Затоа што ако ова им се случува, ништо не сме направиле, за бадијала ни е сè и европски фронтови и Балкански фронтови и било што, ако ние во 21 век имаме ваков начин на злоупотреба на работата на безбедносните агенции“, дециден е Мицкоски.

На крај премиерот Мицкоски нагласи дека не само што и него што го следеле, туку за неговиот малолетен син што го следеле, ќе одговараат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Безбедносните служби лажно ме претставиле како…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната…

Нема ризик за безбедноста, државата е во…

Не постои никаков ризик за безбедноста, за…

Вработен во Финансиска полиција осомничен во случајот…

Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан…

Голем пожар во Хрватска: Оганот се приближува…

Во четвртокот наутро кај Жрновница во Хрватска,…

Муртезани: Никогаш не сум рекол дека ќе…

Сериозно работиме за надминување на проблемот со…