Касами ќе одвои 40.000 евра од општинскиот буџет за албанската академија

t

Општина Тетово ќе одвои 40.000 евра за таканаречената албанска академија на науките и со тоа е прва од четирите општини со кои раководат градоначалници од владејачката Вреди кои финансиски ќе го помогнат функционирањето на паралелната институција. Ова вчера во изјава за медиуми го најави тетовскиот градоначалник Билал Касами и еден од предводниците на Вреди. Финансирање на албанската академија најавија и градоначалниците на Чаир, Гостивар и на Желино, но досега не објавија колку пари ќе одвојат од општинските буџети.

Поддршка за албанска академија на науките и уметностите следи откако четирите лидери на Вреди Касами, Изет Меџити, Арбен Таравари и Зеќирие Ибрахими одржаа две средби со „Академското здружение за наука и уметност на Албанците“.

-Врз основа на прелиминарен договор меѓу академијата и четирите општини кои ја презедоа одговорноста за финансирање, се договоривме општина Тетово да ја поддржи со околу 40.000 евра -изјави Касами.

Против паралелна академија се изјаснија владините партнери ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, опозициските СДСМ и ДУИ како и Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека иднината не е во поделби, туку во обединување и дека МАНУ е институцијата за развивање на науката и уметноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Касами најави ДВОЈАЗИЧНИ БАНКНОТИ: Гаши воведе двојазична…

„Талат Џафери ги испраќаше документите до пратениците…

„И лавот му рече на орелот мјау“:…

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…

Левица: Касами повика на рушење на уставниот…

Првиот човек на Движењето Беса и актуелен…

Левица: Касами ќе го реновира стадионот во…

„Во јули 2016 година, ‘Еколог интернешнл’, сопственикот…