Во Словенија веќе има 150.000 странски работници, од 2019 година бројот е речиси двојно зголемен
Во Словенија и покрај заладувањето на економијата поврзана со автомобилската индустрија, се уште има побарувачка на работна сила во одредени сектори. Бидејќи нема кадар, работодавачите си помагаат со ангажирање странски работници. Во 2019 година овде работеа 80.000 странци, сега на пазарот веќе работат 150.000. Ова претставува приближно 16 проценти од работоспособното население.
Во блиска иднина веројатно малку ќе се смири побарувачката за странци, но сепак како што ќе се зголемува бројот на странски работници, тие ќе мора да се справуваат со се повеќе предизвици. Земјите кои беа извозници на работници – Полска, Романија, Бугарија и Словенија – се борат со слични проблеми. Странските работници не го знаат јазикот, немаат желба да го научат, не го знаат трудовото законодавство, а државните служби не се соодветно подготвени, нотира во истражувањето на Валентина Франка, професорка на Факултетот за администрација, информира „СЕЕ.биз.еу“. Во Словенија странците најчесто работат како помошни работници во угостителството, во продавници, магацини, наброја Симон Урбанч.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лажен полицаец година и пол работел на…
Сериозни пропусти во работата на полицијата се…
Приведен 28-годишен државјанин на Словенија – ја…
Полициски службеници од СВР Охрид на 26…
Невреме со град и поројни дождови ја…
Силно невреме проследено со град, обилни врнежи…
Оса уби свештеник во Словенија – го…
Словенечкиот католички свештеник Роберт Емершич почина по…
Хаос во Словенија: Силна бура активираше 50…
Силно невреме проследено со обилни врнежи предизвика…