Јаневска: 5000 наставници се вишок, но да не се плашат нема да ја изгубат работата

t

Министерката за образование Весна Јаневска во интервју за Телма вели дека околу пет илјади наставници се вишок, но истите нема потреба да стратуваат дека нешто ќе им се случи. Според неа има наставници кои никогаш не го исполниле целиот фонд на часови.

„Во иднина ќе мора да ги направиме овие наставници функционални. Тоа значи поголем нивни ангажман, подолг престој на училиште, а за тоа ќе добиваат повисоки плати. Ќе добијат многу неопходни обуки. Целодневната настава, едносменската настава, зајакнувањето на Бирото за образование, на Државниот испитен центар, на Државниот просветен инспекторат се пулови каде тие ќе си најдат место“, рече Јаневска.

Од контактите што ги имам со нив, додаде, тие се спремни тоа да го направат исто како и Министерството, а позитивна волја гледаме и кај Владата.

Се надевам дека со тек не време ќе го достигнеме сето тоа што е планирано“, потенцира Јаневска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајден и приведен бегалец од затворот „Идризово“

Денеска (18.09.2026) во 09:15 часот, полициски службеници…

Перпарим Бајрами не се чувствува виновен за…

Поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами,…

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 1000 ЕВРА ВО ЦРНА…

Од јануари следната година сите плати во…

Мицкоски од САД: Ги исполнуваме обврските од…

Ние испорачуваме и го правиме тоа што…

ТАВ го укина ограничувањето за бесплатен влез…

ТАВ Македонија ја повлече одлуката со која…